Индонезискиот вулкан Мерапи исфрла пепел и гас
Мерапи, еден од најактивните вулкани во Индонезија, денеска исфрли врели облаци од пепел и гас, кои се протегаат два километри по неговата падина, јави ДПА.
Според Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности, владина агенција која ја следи вулканската активност, ерупцијата траела 160 секунди, испраќајќи врели вулкански остатоци долж реката Красак.
Нема информации за жртви или штети, но агенцијата ги предупреди жителите и туристите да се држат подалеку од опасната зона во радиус од 5 километри од врвот.
Мерапи, што значи „Огнена планина“ на јавански, се наоѓа на границата со провинциите Централна Јава и покраината Јогјакарта, на околу 400 километри југоисточно од главниот град Џакарта.
Вулканот еруптира со прекини од 2020 година, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.
Последната голема ерупција на планината Мерапи се случи во 2010 година, кога загинаа повеќе од 350 луѓе, а околу 400.000 други беа раселени.
Ново на Сител
-
Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП поладнево улати дел од долгот
-
39 годишник од Кочани претепан до смрт на улица во Љубљана
-
Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета, бараме правда којашто ќе спречи идни трагедии
-
Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Поевтинуваат бензините
-
Настава на далечина следат 30 основци кои се на подолго болничко или на домашно лекување
-
Кривична за злоупотреба на службената положба и овластување, го оштетил буџетот на МВР за 116.748 денари
-
Приведен 27-годишен тетовец, им се заканувал со пиштол и нож на полициски службеници