Индонезискиот вулкан Мерапи исфрла пепел и гас
Мерапи, еден од најактивните вулкани во Индонезија, денеска исфрли врели облаци од пепел и гас, кои се протегаат два километри по неговата падина, јави ДПА.
Според Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности, владина агенција која ја следи вулканската активност, ерупцијата траела 160 секунди, испраќајќи врели вулкански остатоци долж реката Красак.
Нема информации за жртви или штети, но агенцијата ги предупреди жителите и туристите да се држат подалеку од опасната зона во радиус од 5 километри од врвот.
Мерапи, што значи „Огнена планина“ на јавански, се наоѓа на границата со провинциите Централна Јава и покраината Јогјакарта, на околу 400 километри југоисточно од главниот град Џакарта.
Вулканот еруптира со прекини од 2020 година, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.
Последната голема ерупција на планината Мерапи се случи во 2010 година, кога загинаа повеќе од 350 луѓе, а околу 400.000 други беа раселени.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември