Индија регрутира поранешен воен медицински персонал
Индија ќе регрутира стотици поранешни припадници на воениот медицински персонал за да му помогне на здравствениот систем што е соочен со исклучително висок број на заразени со Ковид-19, соопшти денеска Министерството за одбрана на таа земја.
Околу 400 медицински службеници од индиската армија се очекува да служат по договор најмногу 11 месеци, соопшти Министерството, додавајќи дека и други воени лекари биле контактирани за консултации преку интернет.
Смртните случаи поврзани со Ковид-19 соборуваат рекорди на секои два или три дена, а бројот на смртни случаи се зголеми за повеќе од 4.000 втор ден по ред.
Многу индиски држави воведоа строги блокади во текот на минатиот месец, додека други најавија ограничувања на движење.
Расте и притисокот врз премиерот Нарендра Моди да воведе блокада на целата територија на земјата, како што беше случај за време на првиот бран минатата година.
Индиската медицинска асоцијација повика на „целосно, добро испланирано, претходно најавено“ затворање наместо ноќни полициски часови и ограничувања воведени од државите за по неколку денови.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот