Индија подготвена да понуди повеќе пченица за да ја задоволи глобалната побарувачка
Индискиот министер за надворешни работи, Субрахмањам Џаишанкар изјави дека Индија може да обезбеди повеќе пченица доколку дозволат прописите на Светската трговска организација (СТО), пренесува агенцијата Анадолија.
Објаснувајќи го ставот на Индија за во руско-украинската војна и за намалувањето на понудата на пченица на регионално и глобално ниво поради војната, Џаишанкар за „Тајмс оф Индија“ рече дека Индија сака да игра поголема улога во глобалните работи.
Нагласувајќи дека се подготвени да го затворат дефицитот предизвикан од прекинатото производство на пченица поради руско-украинската војна, Џаишанкар додаде дека можат да набават повеќе пченица доколку дозволат регулативите на СТО.
Анадолија потсетува дека поради руско-украинската војна, одгледувањето на пченица и залихите се значително намалени, а исто така може да има и проблеми при снабдувањето со некои основни прехранбени производи.
Ново на Сител
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници