-->
-->
Инаугурација на новоизбраниот ректор на УКИМ Јанкуловски
-->
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе го инаугурира новоизбраниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски, со што тој и официјално ќе стапи на оваа функција.
Церемонијата ќе се одржи во аулата на Универзитетот во 12 часот.
Јанкуловски е декан на Медицинскиот факултет во Скопје, професор по предметот Хирургија и абдоминален хирург. Од септември 2007 до април 2009 година бил директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија. Добитник е на наградата Св. Климент Охридски“ од областа на здравството во 2013 година и наградата „11 Октомври“ во 2015 година.
За ректор на УКИМ беше избран во јуни годинава со што ја наследи функцијата на досегашниот Велимир Стојковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор