-->
-->
„Имав само еден сон“ - Нова песна на Перо Пандилоски
-->

Музиката и аранжманот се на Јован Василевски и Гоце Симоновски, а текстот го напиша Магдалена Цветкоска. Станува збор за прекрасна балада која е испеана со многу емоции.
Перо Пандилоски е ново име што ветува, пејач кој постојано пее по ноќните клубови низ земјава. За само една година ова е веќе негова трета песна и втор видеозапис. Албумот вели дека полека но сигурно го подготвува, бидејќи ова е 8-та песна на Перо.

„’Имав само еден сон’ е приказна во која мислам дека многумина ќе се пронајдат. Тоа беше и целта на екипата со која работевме на овој проект. Спотот го снимавме во Кавадарци, под режисерска палка на Пепи Ангелов. Сите се потрудивме, се надевам дека ќе помине добро кај публиката“ – вели Пандилоски.
Како изгледа и звучи неговата „Имав само еден сон“ , погледнете тука.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Преглед на вестите од светот
-
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
-
Мицкоски: Историски инвестиции во општините
-
Филипче: Власта ги понижи лозарите
-
Ѓорѓиевски: Нов здравствен дом во Кисела Вода
-
Шукова: Старата чаршија ќе заживее
-
Загрижувачки тренд на пораст на бројот на пацинетки со карцином на дојка