ОН: Имаме историска шанса за обединување на Кипар во 2017
Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите Нации за Кипар, Еспен Барт Ејде смета дека етнички поделениот остров има историска шанса за обединување во 2017 година.
Според него, средбата меќи лидерите на двете кипраскиз аеднициа во Женева, закажана за 10 дена ќе биде клучна за постигнување мировен договор.
Ејде во статија за „Сајпрус Викли" пишува дека кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, покажале политичка волја за ставање крај на конфликтот.
- Тие признаваат дека статусот кво е неприфатлив и неодржлив и дека постојните преговори претставуваат најдобрата можност за решение. Постигнувањето договор ќе донесе реална политичка и економска полза како за Кипранците, така и за целиот регион, стои во статијата.
Според медијаторот, 2017 претставува „историска шанса" за отворање нова страница од историјата на Кипар.
Кипар е поделен од 1974 година, кога северниот дел од островот беше окупиран од Турција како одговор на државниот удар на група кипарски Грци, кои се залага за присоединување на Кипар кон Грција.
Анастасијадис и Акинџи ќе ги продолжат преговорите за обединување на Кипар, кои се одвиваат под покровителство на ОН во Женева, од 9 до 11 јануари.
Ново на Сител
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот