Им пукале во главите: Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ се убиените Црногорци со македонски пасоши
Водачите на Шкаљарски клан Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ беа убиени на 19 јуни минатата година во Атина. Некои медиуми пишуваа дека тие влегле во Грција со лажен пасош, но не се знаеше за каков станува збор. Вчера емисијата „Код“ објави дека тие поседувале македонски пасош и дека со него влегле во Грција.
Дедовиќ и Стаматовиќ беа изрешетани во еден ресторан додека седеа со свои сопруги и децата. Напаѓачите точно знаеле за нивната локација бидејќи сопругите се чекирале на Фејсбук.
Им пукале на двајцата во главите, а во ресторанот влегле мирно, така што сите во првиот момент помислиле дека се гости. И двајцата имаа по 43 години и досега имаат прошверцувано кокаин во вредност од над 300 милиони евра.
Има две верзии зошто се убиени. Првата е дека тоа е дело на ривалскиот Кавачки клан, а другата е дека, Игор Дедовиќ, наводно бил вмешан во шверц на 20 тони кокаин 2019 година во Филаделфија и дека тој е виновен за губење на нелегалниот товар.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении