-->
-->
Утре сончево време со краткотраен дожд
-->
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во попладневните часови не е исклучено да има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи особено во југозападните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 24 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Во среда се уште со услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја, додека во четврток и во петок ќе биде стабилно и потопло. Температурата ќе се искачи до 31 степен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче