Илјадници Израелци го блокираа автопатот поради принудната оставка на началникот на полицијата
Илјадници демонстранти го блокираа главниот автопат во Тел Авив и раскрсниците низ Израел поради принудната оставка на популарниот шеф на полицијата во тој град, Ами Ешед.
Ешед доцна синоќа објави дека ги напушта израелските полициски сили под, како што рече, политички притисок.
Тој често се конфронтираше со министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, кој побара од полицијата да заземе поостар став против повеќемесечните антивладини протести.
Илјадници луѓе синоќа го блокираа фреквентниот автопат Ајалон, поради што беше запрен сообраќајот.
Демонстрантите носеа сино-бели израелски знамиња, свиреа со сирени, танцуваа по улиците и запалија огнови. Полицајците, некои на коњи, се обидоа да ги турнат назад, повремено користејќи водени топови.
Еден возач возел автомобил низ толпата демонстранти и удрил маж кој паднал на земја, што се видело на директен пренос од протестот. Возачот наводно е уапсен.
Десетици илјади Израелци излегоа на улиците да протестираат откако новата влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху во јануари го објави планот за реформа на судскиот систем.
Демонстрантите ги блокираа патиштата, го попречија пристапот до главниот аеродром и масовно се собраа во поголемите градови.
Нетанјаху и неговите сојузници дојдоа на власт по изборите во ноември, петти за помалку од четири години.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи