Илиоски: СЈО е политичка институција и алатка во рацете на една партија
Барањето притвор од страна на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ е само за да се изврши притисок врз судиите да не ја поништат одлуката на првостепениот суд за мерките одземање на пасош и јавување во судот еднаш неделно, обвини денеска од пред Апелациониот суд Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, СДСМ и СЈО сакаат да го донесат судот во ситуација, ако го прифати барањата на одбраната на раководството на ВМРО, а ги отфрлат, како што наведе, небулозните жалби за неприфатената мерка притвор, да личи дека зазел страна.
- Судот не треба и не смее да подлегнува на вакви трикови и политички игри. СЈО е политичка институција и алатка во рацете на една партија, и така треба да се третира, вели Илиоски.
Тој обвини дека одлуките се донесени под притисок на власта и истакна дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема причина да бега, бидејќи нема сторено никакво кривично дело и додаде дека ако сакале да избегаат за тоа имале и доволно време и доволно информации дека ќе имаат фабрикувани обвиненија до 30-ти јуни.
Илиоски им порача на судиите да судат праведно за да не се срамат од одлуките кои некогаш ги носеле водејќи се од политички конформистички пориви, а не од правни пориви.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче