Loading Video...
Спорт плус
2. August 2020 - 15:46

Илинден годинава минува без „малиот пливачки маратон“ во Охрид

Иако традиционално за Илинден во Охрид се одржување малиот пливачки маратон односно „Илинденскиот куп“, сепак таа традиција годинава е прекината. 
 
Годинашното издание на малиот охридски маратон односно беше одложен од организаторот поради безбедносни причини односно зголемениот број на туристи во Охрид и специфичните состојби за почитување на протоколите и мерките за заштита од Корона вирусот. 
 
Но. 41-то издание на Илинденскиот мал пливачки маратон ќе биде дополнително презакажан за кој организаторите и Пливачката федерација ќе треба да најдат нов термин. 
 
Сепак имајќи го во предвид календарот на трките од седмото издание на Купот во далечинско пливање во нашата земја, најверојатно тоа ќе биде на 16-ти август, термин во кој беше предвидена третата трка од календарот, исто така во Охрид, со што практично наместо шест ќе се одржат пет трки во ова натпреварување. 
 
Според распоредот, следниот викенд (9 август) е предвидена за прв да се одржи трка и на акумулацијата во Крушево.