Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода

Илија Мелоски беше најсреќниот меѓу 50-те верници кои денес се обидоа да го фатат Светиот Крст во водите на базенот “Расадник”, кои претходно беа осветени. Од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тој доби икона и парична награда, а од повеќе општествено одговорни компании и повеќе други награди. Возобновената манифестација по повод празникот Богојавление- Водици од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, која од година во година станува се попосетена, и годинава започна со литија од храмот Св. Ѓорѓи, предводена од свештенството од храмовите во општина Кисела Вода, збогатена со песните од КУД “Китка”.
Најсреќниот учесник што го извади Богојавленскиот Крст од водите, Илија Мелоски за себе и за најблиските посака здравје и среќа, а наградите одлучи да ги донира.
-Бог се јави браќа и сестри! За мене и за сите православни верници ова е многу значаен и величествен ден, кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на Христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа. За мене посебен, бидејќи денес е мојот именден.Масовноста и сплотеноста на мојот народ која денес ја гледаме е само потврда за исправноста на одлуката што ја донесовме – да ја возобновиме традицијата во Кисела Вода за положување на Крстот во осветената вода.
Ги поздравувам и им се заблагодарувам на сите кои денес најпрво беа дел од литијата што започна од храмот Св. Ѓорѓи, се заблагодарувам на свештенството кое го предводеше овој убав настан во духот на нашата вера и традиција и на КУД “Китка” кои со својата песна овозможија настанот да има уште потрадиционална и посвечена нота, им честитам на сите кои имаа храброст и се обидоа да го извадат Светиот Крст од водите. Посебна честитка до најсреќниот Илија Мелоски кој го фати Светиот Крст, му посакувам добро здравје, среќа и радост и од Бога благословена година за него и за неговото семејство, а ние заедно со неколку општествено одговорни компании се потрудивме да го запамети овој ден и по повеќе награди.
Му благодарам и за големиот гест на овој исто така голем ден, наградите да ги донира на оние кои имаат вистинска потреба. Да сте ми здрави и живи, а следната година повесели и помасовни-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
