-->
-->
Илиеска и Дезир го посетија железничкиот премин Табановце
-->
Државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска и државниот секретар за европски прашања од Министерството за надворешни работи и меѓународен развој на Франција Арлем Дезир попладнево го посетија железничкиот премин Табановце каде што се информираа за состојбата на мигрантите.
Како што рече Илиеска, не постои идеален начин за справување со кризата. Неопходна е регионална и поширока поддршка за надминување на ваквата состојба.
- Овде не станува збор само за хуманост, туку и за одговорноста што ја имаме сите ние кон мигрантската криза и кон националната безбедност и заштита. Не постои идеален начин со кој што во одреден период некој би се справил со оваа криза без соработка на регионално, но и на пошироко ниво, така што помошта што треба едни на други да си ја даваме и поддршката што во моментов на Македонија и треба е огромна. Се надеваме дека ЕУ ќе излезе во пресрет, изјави Илиевска.
Мигрантите во Македонија, додаде, влегуваат од граница на земја членка на ЕУ и овој факт не треба да се заборави. Затоа треба да се отиде на терен и таму да се преземат конкретни активности за справување со кризата со која се соочува цела Европа.
Државниот секретар од француското МНР Дезир укажа на подготвеноста да и се помогне на Македонија во справувањето со овој предизвик.
- Ние сме определени да и помогнеме на македонската Влада, сите земји членки да и помогнат при соочуваењто со тие предизвици, а за постигнувањето на таа цел ќе бидат мобилизирани сите служби, подвлече Дезир.
Потребно е, додаде, да се зголеми контролата на границите,бидејќи нема да им се дозволи влез на бегалци кои од економски причини сакаат да ја напуштат својата земја.
- Исто така ќе треба да се побара од Грција поголема контрола на границата и изградба на прифатни центри за бегалците, рече францускиот државен секретар.
Според него, ниту една земја неможе да справи со овој предизивик, но решението не е градење ѕидови или поставување бодликава жица. Само со здружување ќе може, рече, да им се помогне на бегалците.
- Во ЕУ забележуваме луѓе бегалци кои се обидуваат да избегаат од војната, од диктатурата и навистина од таа криза се погодени сите земји од ЕУ и затоа треба целокупната меѓународна заедница да даде одговор, треба сите заеднички да се мобилизираме.Македонија која што е земја кандидат за влез во ЕУ,чија што иднина се наоѓа во ЕУ треба да ја подели и да биде дел од таа целокупна европска солидарност, изјави Дезир.
Тој ја поздрави работата на Високиот комесаријат за беглаци, Црвениот крст на Македонија, невладините организации од апскет на солидарноста и хуманоста, апелирајќи дека треба да им се помогне.
Одоговарајќи на новинарски прашања, Дезир истакна дека 14 септември е важен датум кога министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе одржат состанок на кој ќе се донесат мерки за соработка и за спроведување на мерките кои ќе помогнат на бегалците да им се даде политички азил, но и дека ќе се побара поголема контрола на границите со ЕУ со цел да се спречи бран на бегалци и поголема контрола на Италија и Грција, бидејќи тука доаѓаат бегалците кои преку балканот се упатуваат кон Европа.
Во Франција годишно има 62.000 баратели на азил, на дел им се удоволува, на дел не. И Франција одлучила да прими дополнителна бројка од 9.000 мигранти кои во моментов се во Грција или Италија и смета дека сите треба да прифатат одреден број бегалци и не се согласуваат со тоа дека одредени земји велат дека не се засеганти од повој проблем.
На прашањето зошто Европа не е доволно силна за да се справи со проблемот, рече дека има заедничка надворешна политика. - Треба координација и поактивен пристап, можни се решенија, но на сите им е јасно деканема да дојдат лесно и дека сега има ургентна обврска од хуманитарна гледна точкада им се помогне на сите на кои тоа им е неопходно, заклучи Дезир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Постаро лице заглавено од снежни наноси во својот дом во Кочанско, ЦУК интервенира
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчи за Груби
-
Левица: Трошоците за живот двојно зголемени - власта без решение за инфлацијата
-
ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан
-
Приведен кавадарчанец по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин
-
ЕК ги отфрли обвинувањата на Марк Цукерберг за цензура на социјалните мрежи
-
Со „опел“ удрил во столб на патарина Сопот, двајца повредени
-
Завеани македонските села во Голо Брдо – Наставата прекината