Македонија
13. January 2025 - 12:08

Завеани македонските села во Голо Брдо – Наставата прекината

Поради обилните снежни врнежи завеани се и македонските села во областа Голо Брдо во соседна Албанија. Таму поради проблемите со снегот од денеска е прекината и наставата во сите училишта во областа. 

На ваквата, како што ја оценува, катастрофална состојба, реагираше Македонското друштво „Илинден" повикувајќи ја албанската влада и локалните власти итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо.

Оваа област опфаќа 22 села главно населени со Македонци се протега долж албанско - македонската граница кај Дебар.