ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија
Од влошување на состојбата кај пациенти со респираторни заболувања до рак, срцев и мозочен удар. Ова се последиците од штетните ПМ честички во загадениот воздух кој содржи и сулфурни диоксиди и други тешки метали. Опасноста по здравјето е директна преку дишењето, но и индиректно преку почвата и тоа што го јадеме поради загадување на животната средина, објаснува професорката Мирјана Димовска од Инстутутот за јавно здравје. Таа потенцира, дури и краткорочната изложеност може да наштети, особено на децата и повозрасните лица.
- Доколку детето или возрасните заболуваат или имаат претходни коморбидитети кај нив симптомите ќе бидат пострашни и подолготрајни, вели проф. д-р Мирјана Димовска од ИЈЗ.
Поаларманта е долгорочната изложеност на загаден воздух, за кој една од причнините се и неквалитетните деривати. Освен децата и постарите, најзагрозени од последиците кои можат да бидат фатални ги чувствуваат и трудниците, работниците на отворено и социо-економски загрозените семејства.
- Доведуваат до зголемување на стапката на канцер, односно рак, но и до зголемување на бројот на случаи со кардио и цереброваскуларни заболувања, вели проф. д-р Димовска.
Според статистиката на ИЈЗ годишно во Македеонија околу 4000 смртни случаи се припишуваат на аерозагадувањето. Иако последните години има тренд на намалување на штетните ПМ 2.5 честички сепак Македеонија останува меѓу најзагадените држави во Европа, пред нас е само Босна и Херцеговина.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар