ИЈЗ: Регистрирани 283 заболени од грип
Во текот на изминатата недела (од 1 април до 7 април), во државава се регистрирани 283 заболени од грип, што е за 40,8 отсто помалку споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 478 заболени. Не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип, се наведува во извештајот објавен денеска на веб страницата на Институтот за јавно здравје.
Регистрираната инциденца оваа недела укажува на ниска активност на вирусот на грип. Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 56,4 отсто споредено со истиот период минатата сезона.
Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 18 материјали за тестирање на грип, од кои седум (38,8 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – четири Influenza A(H3), еден Influenza A(H1)pdm и два Influenza А несуптипизиран.
Изминатата недела најголем број заболени лица (191) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 17,9 на 100.000 жители е регистрирана кај возрасната група лица постари од 65 години
Оваа недела пријавени се заболени лица од 21 извештајни единици. Најголем број заболени лица се пријавени од Подрачната единица Гостивар (58) каде е регистрирана и највисока инциденца од 48,4 на 100.000 жители.
Ново на Сител
-
Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице
-
Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата
-
Студентите на Правниот факултет во Скопје после 15 години го промовираа првото стручно списание
-
Сообраќајка пред влезот на Влае, се судриле три возила
-
Инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда ќе биде соодветно казнет, велат од Општина Ѓорче Петров
-
Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нус производи по колење
-
Сите основни училишта во државава ќе добијат примерок од македонскиот Правопис
-
МВР: Секторот за компјутерски криминал презема мерки за истраги и справување со „фишинг“ - напади