Македонија
10. April 2025 - 18:32

Сообраќајка пред влезот на Влае, се судриле три возила

Сообраќајка има има кај надвозникот пред влезот на Влае. Според првичните информации, се судриле три возила. Нема информација за повредени лица. На потегот од Карпош 4 кон Влае има голема гужва.

Инаку токму на овој дел од „Партизанска“ често има полиција која мери брзина, токму поради тоа што се вози без да се почитуваат правилата.

Повеќе информации се очекуваат од МВР.