ИФФК „Браќа Манаки“ поддржан од МЕДИА програмата со 46.000 евра
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ - Битола е еден од 30-те фестивали кои годинава доби поддршка од програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, од вкупно 108 пријавени манифестации.
Со тоа, „Браќа Манаки“ е првиот филмски фестивал во Македонија кој добил средства од програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, информира со допис до медиумите Димитар Николов, кој раководеше со последното издание на фестивалот во септември, а пред десетина беше разрешен од Собранието на Друштвото на филмски работници на Македонија кое усвои нов правилник на фестивалот.
- ИФФК „Браќа Манаки“ е поддржан од „Креативна Европа“ со 46.000 евра. Фестивалот е поддржан врз база на минатогодишното издание и на програмата на годинешното издание, кое проектира да се прикажат филмови во ист број програми како минатата година – Главна програма, Нов европски филм, Програма на филмови од Југоисточна Европа и Програма на кратки играни филмови, информира Николов.
Кон одлуката за поддршка на „Браќа Манаки“ е приложено и мислење од специјалистите од МЕДИА за фестивалот, што било доставено минатата недела.
- Станува збор за брзорастечки и силен фестивал, пример за понатамошно унапредување и научни програми. Има убедливи пропорции во однос на број на публика, број на прикажани филмови, едукативни настани, вмрежување, концепт и програмирање. Тоа е убедлив меѓународен настан во една мала земја, што е добар пример во однос на идејата за децентрализација на фестивалскиот живот во Европа, стои во миселњето.
Николов воедно посочува дека на последниот повик на „Креативна Европа“ во категоријата „Филмски фестивали“, „Браќа Манаки“ беше пријавен со планираната програма за 2016 година, со која беше пријавен и во Агенцијата за филм на РМ, а во апликацијата до МЕДИА е поднесен и датумот на одржување на фестивалот - од 10 до 17 септември 2016 година. Тој изразува и стравувања дека поддршката од програмата МЕДИА ќе биде загубена поради промената во програмата, што настана во меѓувреме со усвојувањето на новиот правилник за фестивалот.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава