Свет
4. October 2024 - 11:35

ИДФ нареди евакуација на 35 области во јужен Либан

Израелската армија нареди итна евакуација на жителите во повеќе од 30 села во јужен Либан.

Портпаролот на израелските одбранбени сили им рекол да ги напуштат своите домови „веднаш“ и „да се упатат северно од реката Авали“.

-Секој кој е во близина на елементите, инфраструктурата и борбената опрема на Хезболах, го става во опасност својот живот, напиша Авичаи Адри во објавата на „X“, додавајќи дека „секое движење кон југ може да ве доведе до опасност“.