Loading Video...
Свет
3. October 2024 - 16:32

Девет жртви во израелскиот воздушен напад во центарот на Бејрут

Израелски воздушен напад во центарот  на либанската престолнина. Мета станбена зграда  во кој бил  сместен и медицински центар. Зградата е оддалечена   на само неколку метри од либанскиот парламентт . Портпаролот на израелската војска Хагари вели - во зградата живеел функцоинер на Хезболах а медицинскиот центар бил  поврзан со  групата  Либанското министерство за здравство објави дека  загинале 9 лица мегу кои медицински работиници.

 Не е мирно ниту во Јужен Либан. Од воздух Израел напаѓа објекти на Хезболах  а продолжува и со копнената офанзива. Оссумина изарелски војници загинаа  во директните судири со милитантите. Хезболах тврди дека неговите борци го запреле напредокот на израелската армија на јужната граница, но израелските одбранбени сили не го коментираа   тоа, но соопштија  дека утринава пресретнале  25 ракети од либанска страна и два дрона  на јеменеските бунтовници Хути. Хутите пак тврдат дека  извришиле успешни напади со беспилотни летата врз воени цели во Тел Авив.

Операцијата успешно ги постигна своите цели, по Божја милост, со беспилотните летала кои стигнуваа до своите цели без непријателот да може да ги пресретне или собори,  изјави Бригаден Генерал Јахја Сари – Портпарол на Хути армијата.

Во меѓувреме либанската армија соопшти за израелски воздушни напади врз селото Ал Тајбех додека жителите  по повик на Тел Авив  се евакуирале . Во инцидентот   загинал еден либански војник  кој помагал при евакуацијата. Околу еден милион либанци се раселени а се повеке држави брзаат да ги евакираатг своите  грагани од Либан.

-  Исплашени сме. . Ционистичкиот непријател погодува насекаде. Удира насекаде. Ние сме раселени од југ.

-Она што се случува денес, ова невидено ниво на убиства, раселување и уништување, ова повеќе не може да се толерира или игнорира. Политиката на ставање глави во песок соочени со конфронтација со Израел веќе не е корисна. Децата од јужните и јужните предградија на Бејрут спијат на улиците. Мајките ги носат своите деца бегајќи од ужасите на деструктивните напади и проектилите што се користат против цивилите изјави  Хади Хахем, постојан претставник во ОН на Либан

Израел нападите  во Либан ги интевизираше пред две недели. Премиерот Нетењаху вели дека операцијата не е насочена  кон либанскиот народ туку кон милитнантите на Хезболах кои претсавуваат закана за изарелската безбедност. Инаку се повеке земји почна.