-->
-->
ИД се заканува со напади врз Белата куќа
-->
Припадниците на Исламска држава објавија видео снимка, на која се закануваат со бомбашки самоубиствен напад врз Белата куќа.
На шестминутната снимка, која ја објавија џихадистите од ИД од Ирак, се поздравуваат минатонеделните напади во Париз.
Најновата закана доаѓа само еден ден откако ИД се закани и со напади во Њујорк.
Директорот на ФБИ Џејмс Коми изјави дека не знае за постоењето на какви било кредибилни закани во САД, слични на нападите во Париз.
Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави за Си-Ен-Ен дека во тек е проверка на најновото видео со заканата кон Белата куќа, со цел да се провери неговата автентичност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари