ИД лани загубила една четвртина од територијата што ја освои во 2014 година
Групата Исламска држава во текот на минатата година загубила приближно една четвртина од својата територија, кога повеќе странски воени сили ја ставија под жесток притисок на различни фронтови во Сирија и Ирак, пренесоа американските медиуми.
Во вчера објавениот извештај на Центарот за прашањата на тероризмот и екстремизмот на компанијата ЕХС „Џејнс“ се посочува дека територијалните загуби на ИД се „без преседан“ и се прогнозира дека џихадистите од Исламска држава во текот на оваа година ќе бидат потиснати од северниот ирачки град Мосул.
Во летото 2014 година ИД спроведе екстремно брза окупација на огромни делови од Ирак, заземајќи приближно една третина од неговата територија.
Ирачките сили, поддржани од САД, оттогаш постепено повратија неколку поголеми и помали градови и неделава соопштија дека повторно контролираат поголем дел од Источен Мосул.
Курдските сили и сириските опозициски формации, поддржани од САД, истовремено ја потиснаа „Исламска држава од повеќето региони во северна Сирија.
Ново на Сител
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење
-
Над 100 лица уапсени во септември поради поседување на дрога
-
Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни
-
79-годишен дедо од Велес е прво лице во земјава кое ќе издржува куќен затвор со електронска алка
-
Дожд, снег и ниски утрински темеператури
-
Кривична за членка на Судски совет - за патни трошоци го оштетила буџетот во износ од 291.040 денари
-
Претреси во Ѓорче, пронајдена поголема количина кокаин и марихуана