И денес сончево и многу топло, утре разладување
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната температура од 32 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 37 степени.
Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и ноќта кон понеделник, оваа облачност ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Во западните делови на некои места можни се поинтензивни врнежи. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени, која ќе биде во интервалот од 20 до 29 степени.
Од вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.
Ново на Сител
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО