Македонија
23. јуни 2025 - 14:23

Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 20.04.2024 на паркинг простор во Охрид бил извршен преглед над пријавениот, кој пред неговото возило фрлил кесичка со кокаин, по што бил извршен и претрес во возилото и неговиот дом и бил пронајден и одземен кокаин.