Хутите го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив
Јеменските бунтовници Хути синоќа го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, поради што привремено се стопирани сите летови, јави јеменската телевизија Ал Масира.
Портпаролот на движењето Ансар Алах, како што се нарекуваат Хутите, Јахја Сари потврди дека за нападот врз аеродромот во Тел Авив употребени се хиперсонични балистички ракети.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Поради нападите на Хутите нарушен е глобалниот транспорт, а компаниите се принудени да бараат подолги и поскапи рути околу јужна Африка.
Јеменските бунтовници на почетокот од месецот соопштија дека ќе продолжат да ги напаѓаат само израелските бродови во Црвено Море.
Ново на Сител
-

Пензионерите во понеделник пред Уставен суд
-

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ брани криминалци
-

Андоновски: За една и пол година дуплиран е бројот на корисници на националниот портал
-

Ќе се укинат ли блок тарифите за струјата?
-

4 деца од „Химо Хаџи Димов“ се хоспитализирани на Детската клиника, стигнаа и конечните резултати од испитувањата на водата
-

Мажите над 50 години да одат на уролошки преглед еднаш годишно
-

Фризер и козметичар најпривлечни занаети за младите
-

Осудените лица во струмичкиот затвор добиваат шанса за средно образование
