-->
-->
Хуманитарни пакети за штипските стечајни работници
-->

Четириесет прехранбени пакети се доделени денеска на стечајни работници во Штип. Пакетите ги доделија градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев и Општиската Организација на Црвен крст-Штип.
- Ценевме дека една ваква мала, симболична поддршка ќе им значи на овие луѓе нешто, со тоа што подолго време се без работа и мислиме дека ќе им помогнеме со одредени прехранбени производи, вели Захариев.
Претседателот на стечајните работници од Штип, Ќемалдин Арсланов вели дека секоја помош им е добредојдена, а традиционално секоја година ја добиваат од страна на градоначалникот и од Црвениот крст.
Тој забележува дека стечајните работници се на возраст од над 60 години и тешко наоѓаат работа, бидејќи некои од нив имаат и здравствени проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
