Хуманитарен концерт и изложби за Сара
Под мотото „Струга од срце за Сара“, в среда во „Центарот за култура Браќа Миладиновци“ ќе се одржи хуманитарен концерт за Сара.
Концертот го организираат „Плеј“ радио и Балетското студио „БАX“, а ќе настапат: „Студио за танц БАX“, „Балкан џем“, КУД „Илинден“, Анита Мицова, Каролина и Оли Китан.
Пред почетокот на музичкиот дел во фоајето на Центарот за култура ќе биде претставена изложба со фотографии на ликовниот уметник и професионален фотограф Кристина Затуроска, како и со уникатни рачни изработки на Билјана Тодороска и Farina’s Handmade.
Влезот е 100 денари. Собраните средства ќе бидат наменети за 15-годишната Сара од Охрид, на која треба да и се пресади коскена срцевина во Германија. Операцијата чини 200.000 евра.
Акции за собирање средства за Сара се реализираат изминативе денови во организација на Црвениот крст Струга на повеќе локации низ градот. Мало девојче вчера пред црквата „Свети Ѓорѓи“ продаваше топол чај, а собраните пари ќе ги донира за Сара.
Ново на Сител
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици