Хрватскиот колектив „Оаза“ на Неделата на дизајн во Скопје
Хрватскиот колектив „Оаза“, во кој членуваат шест дизајнерки и самостојни уметници од Хрватска, ќе бидат дел од манифестацијата Недела на дизајн во Скопје 2016, што ќе се одржи од 23 до 27 месецов во „Јавна соба“ во Скопје.
Во областите на продукт-дизајнот, дизајнот на ентериери и сценографии, изложбените концепти и просторните интервенции, како и во визуелните комуникации, преку активностите на колективот „Оаза“ свои идеи презентираат Нина Бачун, Ивана Боровњак, Роберта Братовиќ, Тина Ивезиќ, Маја Колар и Ана-Марија Полјанец.
Името на колективот „Оаза“ доаѓа од просторот во кој првобитно се собрале да работат, а кој се наоѓа над култното загребско собиралиште „Сахара“. Нивното заедничко дејствување е природен процес на продолжување на претходните студии и соработки.
Во регионални рамки колективот „Оаза“ е познат со иницијативите „Од рака на рака“ и „Мade In“. Колекцијата производи од проектот „Од рака на рака“ е резултат на авторските истражувања во областа на хрватското културно наследство и старите занаети, додека проектот „Мade In“, со кој колективот „Оаза“ ќе се претстави на „Skopje Desigh Week“, е инициран од промените што се случуваат на локално и на глобално ниво и кои радикално ја менуваат сликата на градот.
„Мade In“ е истражувачки проект за познатата загребска улица „Илица“, за промените што се случуваат со нејзиниот традиционален изглед, а се реализира во соработка со жителите и соседите на улицата. Целта на проектот е во процесот на дизајнирање, од идеја до продажбата на производите, да се користат исклучиво локалните и лесно достапни материјални ресурси и знаењето на локалните жители. Оваа платформа на „Оаза“ ќе биде дефинитивно инспиративно искуство за македонската дизајнерска заедница.
Недела на дизајн во Скопје е мултикултурна платформа фокусирана на дизајнот и иновациите, која ќе содржи промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава.
Ново на Сител
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование