-->
-->
Хрватска режираше драма, Норвешка во финале
-->
Норвешка ќе ја предизвика Франција во борбата за златниот медал на 25-то Светско првенство во ракомет. Норвежените во трилер меч славеа над Хрватска 28:25 по продолженијата, откако натпреварот во регуларниот дел заврши 22:22. На истекот на регуларниот дел голманот Бергеруд му одбрани седмерец на Хорват и тој е вистинскиот херој на Норвешка.
Хрватска долго ќе жали за пропуштената шанса во полуфиналето, а од друга страна Норвежаните вечно ќе го паметат Париз како место каде стигнаа до првиот медал на Мундијалите во својата историја.
Второто полуфинале донесе неверојатна борба на двете селекции, особено во второто полувреме кога Хрватите во финишот и пред промашениот седмерец прошуштија два напади да го решат победникот.
Хрватска добро отвори на почетокот со водство од 6:2, но по 15-та минута Норвешка влезе во ритам и со сероја од 10:4 на одмор замина со предност од два гола 12:10.
Во второто полувреме Хрватите веднаш ја анулираа негативата, потоа го презедоа водството и контролата врз натпреварот. Норвешка немаше одговор за играта на Хрватска со седуммина во напад, но сепак на осум минути до крајот за момент се врати во водство.
По головите на Муса и Штрлек на шест минути до крајот Хрватска имаше 21:20, потоа Контрец погоди за два разлика, но до крајот повеќе не погодија за разлика од Норвежаните кои преку Бјорнсен и Сагосен стигнаа до израмнување 22:22.
Хрватска го имаше последниот напад на мечот, Муса избори седмерец со истекот на времето, а Бергеруд му ог одбрани седмерецот на Хорват.
Првото продолжение заврши 2:2, а во второто Норвешка го скрши противникот постигна четири гола, прими само еден и избори пласман во финалето.
Норвешка во финалето ќе игра против Франција, в недела од 17:30 часот, додека в сабота од 20:45 часот Хрватска и Словенија ќе се борат за бронзениот медал.
Голманот Бергеруд со 14 интервенции ја предводеше Норвешка, додека најефикасен беше ветеранот Мирхол со шест голови, а еден помалку постигна Бјорнсен. Трагичарот Хорват беше најефикасен кај Хрватска со шест гола, а пет постигна Мамиќ. Ракометарот на Вардар, Циндриќ, не успеа да постигне гол на оваа средба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот