Хрватска лани увезе елки за 215.000 евра, а извезе за илјада евра
Минатата година имавме извоз на новогодишни елки во вредност од илјада евра, а увоз за 215 илјади евра, соопшти Хрватската стопанска комора.
Повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика, тие посочуваат дека извозот на свежи елки минатата година бил трипати зголемен во однос на 2017 година, но исто така додадоа дека станува збор за лажна статистика. Всушност тоа се многу ниски бројки, затоа што во 2017 година вредноста на извозот беше 306 евра (60 парчиња), а во 2018 година се зголеми на околу илјада евра (250 парчиња).
Од друга страна, увозот на новогодишни елки во Хрватска се зголеми за 5,3 проценти во изминатата година, но овде станува збор за посериозни износи. Во 2018 година се увезени околу 18.500 парчиња во вредност од над 215.000 евра, додека во 2017 година се увезени нешто над 16.100 дрвја во вредност од 203.000 евра.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите