Хрват го отворил гробот на таткo му, тврди дека внатре е друго тело: „Тоа не е мојот татко“
Повеќе од 10 години, Хрватот Марко Дујмовиќ се труди да открие кој е човекот кој почива во гробот на неговиот татко.
Тој одбива да се направи ДНК тест, бидејќи не верува во резултатите.
Ексхумираното тело е на крупен маж од 120, 130 килограми, завиткан во шаторско крило, со дебели волнени чорапи на нозете. Неговиот татко, слаб човек од околу педесет килограми, бил закопан во сандак со кожени чевли. Има дури и фотографии од погребот, пренесува „Индекс“.
За емисијата „Проверено“, Нова ТВ тврди дека неговиот татко не исчезнал, туку бил донесен на гробишта и погребан.
„Не му го посакувам ова на никого. Но, јас сакам само правда. Ме направија будала дека не знам каде сум го закопал татко ми, каде ја погребав мајка ми, дека местата се смениле. Татко ми не исчезна. Почина во куќата на Јове Заставниковиќ каде што бев јас, па го донесоа на гробишта и го погребаа“, вели Марко Дујмовиќ.
Бесен е и внукот на Марко, Горан Дујмовиќ. Се прашува како никој не знае што се случило.
„Ја прашувам хрватската јавност и хрватските институции – чие тело е тоа?“, прашува Горан.
„Знам во што го закопав дедо ми. Не го закопав во шаторското крило“ изјави за „Провјерено“ внукот Горан.
Ново на Сител
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет