Храмот „Св. Јован Крстител“ во Скопје ќе добие фрескоживопис
По осум децении во храмот „Св. Јован Крстител“ во Скопје ќе биде насликан фрескоживопис, на површина од 478 метри квадратни. Изведувањето на работите од стручниот тим во внатрешноста на црквата е почнато, а рокот за завршување е 2017 година.
Вредноста за изработка на фрескоживописот е 4 милиони денари, донација од Фондацијата „Илија Камчев“.
Во следната фаза, Фондацијата ќе го финансира и партерното уредување, како и надворешниот простор на црквата.
- Горди сме и благодарни што имаме чест да ја поддржиме иницијативата за реконструкција на црквата „Св. Јован Крстител“. Изработката на фрескоживописот ќе остане како симбол на едно време, сведок на нашето постоење и вреден артефакт во поновата историја. Со помош на уметноста ќе може да го изразиме заедничкиот стремеж кон убавото и возвишеното - тоа е наша чест, обврска и подарок за идните поколенија, изјави претседателот на Фондацијата „Илија Камчев“ Јордан Камчев.
Од Македонската православна црква-Охридска Архиепископија изразуваат благодарност за донацијата.
- Благодарни сме за оваа богољубива и родољубива постапка на г. Камчев и фондацијата што ја предводи. Вложувањето во едно вакво дело, претставува вложување во вековната духовна историја на македонскиот народ, во неговото минато, но и во иднината. Зашто ако не се сеќаваме на нашето духовно и културно минато и ако не го унапредуваме и создаваме, според примерот на нашите предци, и во иднината, тогаш и не можеме да размислуваме за нашиот опстој и за нашата уникатност, вели архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.
Ново на Сител
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген