Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава
Нови 25 случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица, се пријавени во државава од 26 јули до 1 август. Од нив, три се хоспитализирани, наведуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен попладнево.
- Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје - 13, а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и од Тетово. Возраста на заболените се движи од два месеца до 50 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 17 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, петмина се комплетно вакцинирани и тројца се вакцинирани согласно возраст, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Заклучно со 1 август, во државава биле регистрирани вкупно 981 случај на голема кашлица, со инциденца од 53,4/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.
Дистрибуцијата по пол покажува дека 450 лица се од машки, а 531 од женски пол.
Од вкупниот број заболени - 981, кај 974 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина е во асимптоматска форма.
Во тек се три епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје, Куманово и на Тетово.
Од 18 јануари до 1 август, дадени се вкупно 62.184 дози вакцина со компонента против голема кашлица.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје