САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
САД денеска наметнаа санкции против конзорциумот Intellexa, сложена меѓународна мрежа на децентрализирани компании кои развиваат комплетна палета на инвазивни шпионски програми и продолжуваат да ги продаваат овие производи на автократски режими и злоупотребувачи на човекови права низ целиот свет.
-Соединетите Американски Држави нема да толерираат злоупотреба на технологии кои ја поткопуваат националната безбедност на Американците или на нашите сојузници, ниту пак ќе толерираат злоупотреба на технологии за вршење на злоупотреби на човековите права или за поткопување на слободата на изразување. Воведуваме санкции против пет лица и едно правно лице поврзани со конзорциум Intellexa за нивната улога во развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална шпионска технологија која е злоупотребена за таргетирање на Американци, вклучувајќи и функционери на Владата на САД, новинари и политички експерти, Метју Милер, портпарол на Стејт департментот, изјави денеска во соопштение.
Тој додаде дека САД остануваат цврсти во својата посветеност да ги користат сите достапни алатки за спротивставување на злоупотребата на софистицирани технологии за надзор.
-Овие санкции се надоврзуваат на претходните санкции објавени на 5 март, како и на други мерки за одговорност, вклучувајќи извозни контроли и визни ограничувања. Ќе продолжиме да се спротивставуваме на ширењето и злоупотребата на комерцијална шпионска технологија додека создаваме патека за одговорен развој на технологии кои се во согласност со заштитата на човековите права, приватноста и демократските вредности ширум светот.
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел