Балкан
8. January 2016 - 10:01

Хорор во Загреб: Маж скокна од зграда, во станот му најдоа две мртви тела

Непознат маж изврши самоубситво скокајќи утрово околу 8.30 часот од терасата на стан во улицата Милан Решетар 44 во Загреб.

Полицијата во станот пронашла уште две тела. Се сомнева дека во прашање е двојно убиство и самоубситво, но се уште нема официјални потврди.

Полицајците кои дошле на местото на трагедијата ја затекнаа таа грозна сцена - станот во кој лежеле двајцата мртви бил целиот во крв.

Увидот е во тек.