-->
-->
Хорор квалификации во С. Америка
-->

Селекторот на американската фудбалска репрезентација, Брус Арена, вели дека условите низ кои поминува неговиот тим не можат да се споредат со европските квалификации. САД му гостуваат на Тринидад и Тобаго во меч кој ќе се игра на стадионот „Ато Болдон“, мал стадион кој го заменува многу поголемиот стадион „Хејсли Крофорд“, кој е под вода по силните врнежи на Карибите.
„Би сакал да видам дел од тие големи европски тимови да дојдат да играат квалификации во ЦОНЦАЦАФ, за да видат колку е лесно да се квалификуваш. Тука преживуваат само најподготвените. Можат да направат едно реално шоу – кој ќе преживее на крајот“, изјави Арена.
Во квалификациите во Северна Америка репрезентацијата на САД патува на големи надморски височини во Централна Америка, на лоши терени на малите карипски држави, но и при екстремни временски услови.
Со него се согласува и Јирген Клинсман, Германецот кој е поранешен селектор на САД.
„Тимовите од Европа и Јужна Америка мислат дека овој регион е лесен бидејќи не играат тука и никогаш го немаат искусено. Европските тренери велат таму ти е сигурна квалификацијата, но нека дојдат да играат во Гватемала, Костарика и Јамајка, па ќе видат“, изјави Клинсман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

47те дојави за бомби во училиштата се лажни, од 2022та до денес има вкупно 1314 дојави за лажни бомби во Mакедонија
-

Каква сезона на грип не очекува?
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО Скопје и МВР поднесоа кривична пријава за екс директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство
-

Критична состојбата на текстилните работнички кои возрасни остануват без работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Директорот на Комунална си поднесе оставка, тој и реководителот за отпад добија 30 дневен притвор
-

Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ пред вториот круг избори
