Холандскиот премиер Руте пристигна во посета на земјава, во тек средба во Владата со Заев
Претседателот на Владата на Кралството Холандија Марк Руте попладнево пристигна во прва посета на Северна Македонија. Тој е пречекан со највисоки државни почести. Во тек е средба во Владата со премиерот Зоран Заев.
Претходно, на скопскиот аеродром, Руте беше пречекан од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.
Посетата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, се одвива во духот на добрите билатерални односи меѓу Холандија и Северна Македонија, но и во контекст на заложбата од холандска страна за безусловен почеток на пристапните преговори со Европската Унија што е афирмирана и на Самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во Брдо, Словенија. – Како земја што има стриктен пристап кон објективното вреднување на пристапните критериуми особено во однос на владеењето на правото, поддршката на Холандија што се изразува и преку оваа посета е потврда дека со посветеноста на европската реформска агенда, Северна Македонија е целосно подготвена за отворање на преговорите, се наведува во соопштението од СЕП |
Ново на Сител
-

Повик за изработка на бесплатни веб-сајтови за локалните самоуправи и јавните институции
-

Востановување на националната награда „Роксан Стојанов“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на дното
-

Фалат лекови поради бирократски процедури
-

За 40 проценти намалено производството на електрична енергија на хидроенергетскито систем Црн Дрим
-

Преглед на вестите од светот
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши

Претседателот на Владата на Кралството Холандија Марк Руте попладнево пристигна во прва посета на Северна Македонија. Тој е пречекан со највисоки државни почести. Во тек е средба во Владата со премиерот Зоран Заев.
