Хојт Ји: Проширувањето на ЕУ до 2025 година не е реално
Проширувањето на ЕУ до 2025 година не е реално и штетно е што Западниот Балкан се преправа дека спроведува реформи, а ЕУ дека тие се спроведени, изјави поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Брајан Хојт Ји.
–Нема потреба да се откажува од евроинтеграциите, но важно е да се биде искрен какви се изгледите на тој пат. Затоа што преправањето дека тоа е извесно и оти некои земји можат да станат членки до 2025 година, не само што им одмага на оние кои треба да спроведуваат реформи, туку ги охрабрува и клептократите, корумпираните функционери да им велат на луѓето дека членството ќе се случи за две, три, пет години и им дава повеќе кислород отколку што заслужуваат, рече Ји на собирот „Решавање на нерешливото на Западен Балкан“ во Вашингтон.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра