Хоџиќ во Брисел: Помалубројните заедници се секогаш наклонети кон ЕУ и НАТО
Заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на помалубројните заедници (АОПЗ), Џелал Хоџиќ, вчера оствари средби со европратеници во Брисел, меѓу кои и со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.
Хоџиќ, кој е и претседател на Странка на демократска акција за Македонија (СДА) се сретна и со пратеникот Карло Реслер од Хрватска.
Пораката која им е повторно пренесена на европратениците на две недели пред клучниот министерски Совет на ЕУ на кој Македонија го чека одамна ветеното отворање на преговори со ЕУ, е дека за земјата членството во Унијата, како и во НАТО се од голема важност за сите етнички заедници, вклучително малубројните.
– Сите помалубројни заедници секогаш се наклонети кон развојот на демократските процеси, како и евроатланските и европските интеграции. Повеќе демократија, повеќе ЕУ и повеќе НАТО, значи повеќе глас и подобар статус за помалубројните заедници, изјави Хоџиќ.

За помалубројните заедници „тоа е подобра позиција да дадат свој придонес во развојот на македонското општество, но и подобра позиција за заштита, развојот и промоција на идентитетот и културата на самите помалубројни заедници“, додаде заменик директорот на АОПЗ.
Според Хоџиќ. треба во пракса да се подобрат правата на помалубројните заедници во Македонија, кои ги предвидуваат Уставот и законите, во областа на образованието на мајчин јазик, промоција на културата, правичната застапеност, како и поддршка за проектите важини на помалкубројните заедници. Хоџиќ на средбите беше придружуван од членови на заедницата на Хрватите.
Ново на Сител
-   
          

ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со Скопје и 54 општини, ВРЕДИ со 9, СДСМ 6, НАИ 4, ЗНАМ и УР по 1, а во една независен кандидат
 -   
          

Меси има силна желба да игра на Светското првенство 2026
 -   
          

Меѓународните набљудувачи ќе презентираат наоди за вториот круг од Локалните избори 2025
 -   
          

Трамп: Можна е воена акција во Нигерија ако не запре убиството на христијани
 -   
          

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе
 -   
          

Без струја дел од корисниците во Аеродром, Гази Баба, Сопиште, Кисела Вода и Карпош
 -   
          

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови
 -   
          

Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина
 
