Химрих: ЕУ ја сака Србија за партнер во бегалската криза

Меѓу земјите членки на ЕУ постои очигледен интерес Србија да биде партнер во мигрантската криза на кој ќе можат да се потпрат, изјави докторантот по меѓународни односи на Лондонската школа за економија, Џулија Химрих.
На првиот панел од Белградскиот безбедносен форум, што денеска се одржува во рамки на академскиот настан „Мигрантската и бегалска криза: Нормативната моќ на ЕУ пред предизвиците“, Химрих нагласи дека бегалската криза многу влијаеше и врз Европа и врз Западен Балкан.
Таа додаде дека е очигледно оти Србија трпи притисоци заради политиката на ЕУ која бара бегалците да бидат сигурни и згрижени.
- Србија очигледно добива многу комплименти заради својот однос кон мигрантската криза, но мислам дека сите земји мораат уште многу да учат од оваа криза, рече таа во изјава за Танјуг.
Иако, нагласи таа, Србија прави одлична работа важно е да ги заштити барателите на азил и човековите права да останат во центарот на внимението.
- Србија тоа засега одлично го прави, но мислам дека ќе биде одлично таа работа да биде уште подобра, наведе Химрих.
Ново на Сител
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
