-->
-->
Хендрикс ќе ја засили Македонија во претстојните евро-квалификации
-->
Ричард Хендрикс ќе биде големо засилување за кошаркарската репрезентација на Македонија во претстојните предквалификации за Европскотопрвенство 2021 година.
Искусниот крилен-центар, ќе им се приклучи на останатите кошаркари кои утринава ги започнаа мини подготовките за претстојните дуели против Словачка и Швајцарија.
Хендрикс изразил желба да и помогне на македонската репрезентација, во обидот да се врати на старите патеки, по неуспешниот квалификациски циклус за Мунидјалот.
Хендрикс кој сезонава го носи дресот на турскиот гигант Галатасарај, е во одлична натпреварувачка, а доколку го задржи својот просек од 9.2 поени, 6.8 скока и 1.5 асистенции во Еврокупот, односно по 9.7 поени, 4.3 скока и 1.2 асистенции на средби одиграни во шампионатот на Турција, тогаш сигурно ќе биде од голема поддршка за подмладениот состав на Давитков, која пак во овие два меча нема да може на смета на повредените Ѓорѓи Чековски и Бојан Трајковски, кој токму во овој момент реши да се рехабилитира од повредата, иако вчера веше дел од тимот на МЗТ Скопје на средбата против Будуќност.
Хендрикс се очекува утре наутро да пристигне во Скопје и веднаш да му се стави на располагање на селекторот Давитков.
Американецот, последен пат беше дел од репрезентацијата на Македонија на Европскиот шампионат 2015 година во Загреб.
Првиот меч Македонија ќе го игра на гостински терен против Словачка веќе во четврток (23 ноември), а три дена подоцна (недела, 26 ноември) во Скопје ќе гостува Швајцарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години