Харадинај: Размената на територии значи војна и трагедија за Балканот
- Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се противи дури и на споменувањето на поделбата на Косово, односно размената на територии со Србија, и смета дека такво нешто би предизвикало трагедија за целиот Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Поделбата за мене значи војна и ова го тврдам недвосмилено, изјави Харадинај во интервју за телевизијата Дукаѓини.
Тој порача дека „во овие околности“ не може да има делба или размена на територии и дека „поместувањето граници претставува голема опасност“.
- Не е добро да се споменува поделбата. Било кој што споменува поделба, поради било кои причини, греши, сака да му донесе трагедија на Балканот, порача косовскиот премиер.
Во последно време и во Србија и во Косово во медиумите се изнесуваат идеи дека Приштина и Белград би можеле да постигнат конечен договор, кој ќе подразбира и размена на територии.
Ново на Сител
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија