-->
-->
Харадинај: Косово бележи најголем економски раст во регионот
-->
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај тврди дека економскиот раст на Косово е највисок во регионот и најави нови мерки на Владата за задржување на тој тренд, јави дописникот на МИА од Приштина.Харадинај на Фејсбук објави дека на утринската средба со министерот за финансии Бедри Хамза и соработниците биле анализирани последните податоци за состојбата со даночната политика во земјата.
– Ова е година на економијата и во тој дух работиме за да добиеме прецизна слика за тоа каде се наоѓа Косово на полето на фискалната политика, што сме презеле како Влада за да ја исполниме законската инфраструктура, фискалните олеснувања што сме ги презеле, ослободувајќи од данок многу производни линии, како и што можеме да направиме повеќе за поттикнување на економскиот раст, генерирање на нови работни места и подобрување на нашата благосостојба – напиша Харадинај.
Според него, во земјата секојдневно се забележува пораст на производството и извозот.
– Косово бележи најголем економски раст во регионот. При посетите на терен секојдневно забележуваме пораст на производството и на извозот и примарен интерес на земјата е да ги евидентираме и да ги искористиме сите наши ресурси за да ги унапредиме овие параметри – вели Харадинај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
