Харадинај: Ако Собранието го укине Специјалниот суд, Владата ќе го почитува тоа
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека не знае што ќе биде со иницијативата во Собранието на Косово за укинување на законот за Специјалниот суд за воени злосторства, но нагласи дека доколку пратениците ја усвојат, Владата ќе ја почитува таквата одлука.
- Косово не може и не треба да ја избегне правдата, без оглед дали е локална или не, но треба да постои алтернатива, на пример, судењата да се спроведуваат на Косово, што би било реално, изјав Харадинај за „Индексонлајн“.
Харадинај признава дека укинувањето на законот за Специјалниот суд би имало последици врз косовските односи со меѓународната заедница, но повтори дека неговата партија Алијанса за иднина на Косово ќе продолжи да биде против Судот, како што го правеше тоа и кога беше донесена одлуката за негово формирање.
Како што јави МИА, Амбасадата на САД во Приштина минатата недела ја повика косовската Влада јасно да се огради од заканите со насилство поради Специјалниот суд за воени злосторства во Косово и предупреди дека секој обид за негова опструкција ќе има негативни последици.
Според Амбасадата, косовските лидери грешат ако мислат дека усвојувањето на иницијативата во Собранието на Косово за расформирање на Специјалниот суд, нема да ги влоши односите меѓу Приштина и меѓународната заедница.
- Секој таков обид ќе има длабоки негативни последици по европската иднина на Косово и неговиот однос со САД, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари