Хан Соло добива „свој“ филм
Хан Соло, јунакот на филмскито серијал „Војна на ѕвездите“, кој секогаш има брз вселенски брод и добар ласерски пиштол, ќе добие свој филм, соопшти студиотп „Дизни“.
Делото, кое во кино салите би требало да се појави во мај 2018 година, е втор самостоен филм на некој од ликовите од „Војна на ѕвездите“ по „Rogue One“, чија премиера е најавена за наредната година.
Овие филмови, ќе го следат вториот дел на светот на Џорџ Лукас и ќе се преплетуваат со новата трилогија, чиј прв дел „Војна на ѕвездите: Будење на силата“ во кината стигнува во декември.
Филмот за Хан Соло ќе се занимава со почетоците на ликот, кој во „Војна на ѕвездите“ го игра Харисон Форд.
- Новиот филм ќе покаже како Хан Соло станл шверцер, крадец и скитник, кого Лук Скајвокер и Оби Ван Кеноби го запознаваат во кафетеријата на Мос Ејсли, се наведува во соопштението на „Дизни“.
Режисерите Крис Милер и Фил Лорд. кои стојат зад „Лего филмот“, ќе го режираат проект за Хан Соло, но засега не се знае кој ќе се појави во насловната улога.
Сценаристот и режиер Лорен Касдан, кој беше еден од сценаристите на филмовите „Империјата го возвраќа удар“, „Враќањето на џедајот“ и „Будење на силата“, ќе го пишува сценариото за новиот филм заедно со синот Џон.
„Будење на силата“ е прв од трите нови филмови во серијата „Војна на ѕвездите“, што ги продуцира „Дизни“, кој во 2012 година од Џорџ Лукас ја откупи франшизата за 4,05 милијарди долари.
Претходните шест филма заработја повќе од четири милијарди долари на благајните од 1977 година и привлекоа армија обожуватели.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска