Хан: Преговорите со Турција ќе бидат прекинати доколку има некоректен однос кон обвинетите за пуч
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја предупреди Турција дека преговорите за нејзино членство во ЕУ ќе бидат замрзнати доколку постои најмал сомнеж дека односот кон обвинетите за воен преврат е некоректен.
- Во таков случај последиците ќе бидат неизбежни, предупреди Хан во интервју за весникот „Зидојче цајтунг“.
Запрашан дали има смисла денес да продолжат разговорите за присоединување на Турција кон ЕУ, еврокомесарот одговори дека „тоа е легитимно прашање, кое секојдневно му се поставува“.
По неуспешниот обид за пуч на 15 јули повеќе од 16.000 лица се уапсени за време на чистките во армијата, судството, образованието и медиумите, што предизвика остри реакции од Европа и САД.
Истовремено Хан го поздрави договорот меѓу ЕУ и Турција за мигрантите, кој „го запре бегалскиот бран“ кон Западна Европа.
Ново на Сител
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници