Хан: Парламентот мора непречено да работи
Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување Јоханес Хан на денешната средба со Талат Џафери, кој минатата недела беше избран од парламентарното мнозинство за претседател на Собранието на Република Македонија, порачал дека македонскиот законодавен дом сега треба непречено да работи и повикал сите пратеници да имаат конструктивна улога, без провокативни изјави и активности.
- Парламентот сега мора непречено да работи. Сите пратеници вклучувајќи ја и опозицијата се очекува да бидат конструктивни, а не да имаат опструкциска улога, и сите актери да се воздржуваат од провокативни изјави и активности. Парламентот мора да биде форум за дебата за сериозните предизвици со кои се соочува земјата и да ги овозможи потребните гаранции за напредување на земјата во интерес на сите граѓани и заедници, се наведува во соопштението од Кабинетот на Хан.
Според еврокомесарот, фокусот сега треба да биде ставен на следните чекори во процесот на формирање влада почитувајќи го парламентарното мнозинство и однесувајќи се во согласност со Уставот и демократските принципи.
Хан го поздравил изборот на Џафери од страна на парламентарното мнозинство и ја изразил подготвеноста на Унијата да соработува со него за напредување на реформската агенда, вклучувајќи ја тука и имплементацијата на договорот од Пржино и Итните реформски приоритети.
На средбата еврокомеасарот Хан ја повторил силната осуда на, како што стои, смислени напади на паралментарците и новинарите во Парламентот. Предупредил дека секое повторување на вакви акти може сериозно да ја загрози европската перспектива на земјата.ж
Џафери, како што најави неговиот кабинет, е во прва официјална посета на Брисел на покана на првите луѓе во ЕУ и ЕП.
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица