-->
-->
Хан: Изборите зависат од извештајот на меѓународните институции и на ДИК
-->
Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска во изјава за МИА одби да каже дали и кога ќе пристигне во посета на Република Македонија, но потврди дека предвремените парламентарни избори на 24 април зависат од оценката на ОБСЕ/ОДИХР и на Државната изборна комисија за тоа дали се обезбедени условите за нивно одржување.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, иако беше најавено доаѓање на Хан во Скопје во средината на овој месец, при што најмногу се шпекулираше со 19-ти февруари (петок), сепак, можно е еврокомесарот воопшто да не дојде во Македониај и да остави на амбасадорот на Европската унија, Аиво Орав и на САД, Џес Бејли, да соопштат дали има услови за одржување на фер и демократски избори.
- Имавме договор од јуни/јули минатата година и дел од овој договор е одржувањето на предвремени избори. Но, не можам да ви дадам одговор во моментов. Зависи од исходот на меѓународните институции и на Државната изборна комисија, што е нивната оценка за зрелоста за подготовка на изборите. Потоа, тие треба да донесат одлука, истакна Хан во изјава за МИА.
Двоумењето на Јоханес Хан дали да дојде во Македонија, според извори од Европската комисија што инсистираат на анонимност е со цел тој да не влезе во нов вртлог на политички преговори. Во тој контекст се појавија и шпекулации дека е можно да ги повика политичките лидери Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ) на разговори во Брисел, што според изворот на МИА е далеку од реалност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка