-->
-->
Хамилтон потсети на своите најдобри денови, ќе стартува прв во Унгарија
-->

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Унгарија, 11-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Седумкратниот светски шампион ја освои својата прва пол-позиција на Хунгароринг од ноември 2021 година, а 104-та во кариерата со предност од само три илјадинки пред светскиот првак Макс Ферстапен кој имаше серија од 6 први стартни позиции.
Она што беше најавено вчера дека Верстапен и Хамилтон се единствените кандидати за првото стартно место беше потврдено и денеска па љубителите на формула -1 со нетрпение очекуваат дали Британецот утре ќе направи екстра изненадување со триумф на Хунгарорин.
Притисок се очекува да направат и пилотите на Мекларен Ландо Норис и Оскар Пјастри кои се стабилизираа на втората стартна линија пред Џоу, Леклер, Ботас , Алонсо и Перез кој постигна дури деветто време по вредност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга
-
Штипска модуларна ќе се преадаптира во специјалистичка амбуланта
-
Училиштата во Босилово започнуваат со сопствено производство на струја